/ Прочитано:

1.193

Законски измени за намалување на патните трошоци на пратениците поднесени од пратениците на Левица

Целта на предлог-законот е да се намалат трошоците од Буџетот, како и зголемување на заштедите на одредени буџетски финансиски средства кои се даваат на име „патни трошоци“.

Предлог-измената, се вели во законското образложение, одговора на реалните потреби и барања и ќе овозможи пратениците кои живеат надвор од главниот град и понатаму непречено да одговорат на своите работни обврски, а притоа да не се стекнуваат со нереално големи суми на име „патни трошоци“.

„Предложеното законско решение уредува наместо досега утврдените 20% од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок од само 5%. Тоа, во пракса, би значело дека за поминати 400 километри досега пратеникот добиваше околу 4.800 денари, а со измената ќе добива околу 1.200 денари, што е за три пати помалку од претходно. Ова, де факто, би значело сведување на патните трошоци на пратениците во висина на цена на редовен автобуски билет“, се посочува во законските измени поднесени од пратениците на Левица.

М.В