/ Прочитано:

3.739

Законски измени за непречено остварување на правото на бесплатен превоз на учениците

Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, поднесен од група пратеници, е на второ читање во Собранието. Целта на овој Предлог-закон е уредување на начинот на остварување на правото на бесплатен превоз на учениците од основните и средните училишта утврдено со Законот за основното образование и со Законот за средното образование, во рамките на општинскиот и меѓуопштинскиот линиски превоз.

Предложените решенија се во насока на уредување на начинот на остварување на правото на бесплатен превоз на учениците од основните и средните училишта утврдено со Законот за основното образование и со Законот за средното образование, во рамките на општинскиот и меѓуопштинскиот линиски превоз, при што се овозможува непречено остварување на правото на бесплатен превоз за учениците од основните и средните училишта и рационална алокација, односно искористување на буџетските средства.

Со предложеното дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, се посочува во законското образложение, би се одбегнало спроведување на постапки за јавни набавки кои се со неизвесен исход и при кои вообичаено се добиваат цени кои се повисоки од пазарните цени, што е спротивно на целта на водењето на постапки за доделување на договори за јавни набавки, а притоа вршењето на услугата бесплатен превоз на ученици по цени утврдени со тарифен систем од страна на советите на општините и Советот на Град Скопје во рамки на општинскиот линиски превоз и по цени утврдени од самите превозници во рамки на меѓуопштинскиот линиски превоз кои не се повисоки од цените за останатите патници, реално би ги рефлектирале пазарните цени.

„Сметаме дека има потреба од иницирање на промена на постоечката законска регулатива, односно Законот за превоз во патниот сообраќај во правец на пропишување на одредби согласно кои бесплатниот превоз на ученици би го вршеле имателите на дозволи за општински линиски превоз по цени утврдени согласно тарифен систем усвоен од советите на општините, додека бесплатниот превоз на ученици помеѓу две или повеќе општини би го вршеле превозниците кои имаат дозволи за вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници по цени утврдени од самите превозници, но кои не би биле повисоки од цените за останатите патници, имајќи предвид дека превозниците во рамки на меѓуопштинскиот линиски превоз самостојно ја утврдуваат цената на превозот, согласно член 27 од ЗППС“, се вели во законското образложение.

Предложено дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај во врска со бесплатниот превоз на учениците

М.В