/ Прочитано:

761

Законски измени за олеснување на постапката за прометот на ветеринарно-медицинските препарати

Измените на Законот за ветеринарно-медицински препарати се во собраниска процедура.

„Со Законот за изменување и дополнувања на Законот за ветеринарно медицински препарати се врши либерализација на трговијата со ветеринарно-медицински препарати во Република Македонија согласно праксите во Европската Унија кои се однесуваат на постапките за одобрување за ставање во промет на ВМП“, се вели во образложението на измените.

Измените и дополнувањата на Законот за ветеринарно-медицински препарати обезбедуваат олеснување на постапката за одобрување за ставање во промет на ветеринарно-медицинските препарати во Република Македонија во однос на директно признавање на ВМП одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) и меѓусебно признавање на одобрувањата на ВМП одобрени во земјите-членки на Европската Унија, скратување на времето и поедноставување на постапката за одобрување за ставање во промет на ВМП, како и укинување на постапката за увоз на ВМП.

МЗШВ во врска со измените на Законот за ветеринарно-медицински препарати

Со новите законски измени за ветеринарно-медицинските препарати до поефикасно работење на компаниите