/ Прочитано:

756

Законски измени за поголема правна сигурност на учесниците во постапките за закуп на земјоделско земјиште

Владата го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште кој ќе биде доставен на усвојување од страна на пратениците.

„Со предложените законски решенија се овозможува поголема правна сигурност на учесниците во постапките за давање во закуп на земјоделско земјиште, изградба на објекти на земјоделско земјиште за промоција и продажба на земјоделски производи преку рурален туризам и објекти за спортско-рекреативни активности и други поволности за земјоделците кои досега беа пречка за можноста за промена на бизнис планот или програмата за начинот на користење на земјоделското земјиште, или оневозможуваа докапитализација на земјоделското земјиште на повеќе од 3 хектари.

Со новите предлог законски одредби ќе се овозможи земјоделските стопанства да можат да аплицираат на огласи за закуп земјоделски земјишта до 10 хектари, со дополнително олеснување обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот да стапи на сила три години по влегувањето во сила на договорот за закуп“, информираат од Владата.

М.В