/ Прочитано:

2.394

Законски измени за покачување на платите на вработените во јавниот сектор

Министерството за труд и социјална политика подготвува измени и дополнувања на Законот за исплата на платите во Република Македонија. Со дополнувањата на законот, велат од МТСП, ќе се овозможи покачување на платите на вработените во јавниот сектор.

„Со цел да се овозможи поголема мотивираност на вработените во јавниот сектор, а согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија, а во рамките на планираните средства со Буџетот, се создадени услови за дополнување на Законот“, посочуваат од МТСП.

Со Законот за исплата на платите во Република Македонија се уредува исплатата на платите и одделни надоместоци кај работодавачите со седиште во Република Македонија. Одредбите на овој закон не се однесуваат на работодавачот кај кој повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост. Работодавачот платите ги исплатува во согласност со колективен договор и овој закон, доколку со друг закон поинаку не е утврдено.

М.В