/ Прочитано:

816

Законски измени за престанокот на работниот однос на лицата избрани во наставно-научно или наставно звање

На дневен ред на собраниската Комисија за образование и наука, се наоѓаат предложените измени на Законот за високото образование. Измените се однесуваат на прекинувањето на договорот за вработување на лицето избрано во наставно-научно или наставно звање.

„Со предложеното решение на Законот за високо образование се уредува престанокот на работниот однос на лицата  избрани во наставно-научно или наставно звање и исклучокот кога работодавачот може да го задржи вработениот најмногу до завршување на учебната година во која лицето полни 67 години возраст, заради овозможување на непречено функционирање на високообразовните установи“, се пропишува во законското решение.

Со Законот за високото образование се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи.

M.В