Законски измени за продолжување на ексклузивното право на Македонска пошта за обезбедување резервирани поштенски услуги
Владата на РМ поднесе измени на Законот на поштенските услуги во Собранието на РМ.
„Целта на Предлог-законот за изменување на Законот на поштенските услуги е продолжување на ексклузивното право на АД Македонска пошта Скопје за обезбедување на резервирани поштенски услуги и на тој начин обезбедување на непречено ефикасно, ефективно и континуирано користење на предвидените и загарантирани права на корисниците на поштенските услуги, и тоа по пристапни цени и без дискриминација, односно под еднакви услови за сите корисници“, се посочува во законското образложение.
М.В