Законски измени за спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство
Министерството за труд и социјална политика подготвува законски измени во врска со спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство.
„Согласно Програмата на Владата во Република Македонија 2017 – 2020 година и во насока на реализација на Акцискиот план за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба со насилство спрема жената и домашно насилство 2018 – 2023 година, Министерството за труд и социјална политика пристапи кон подготовка на Закон со кој ќе се овозможи сеопфатен пристап, односно интегриран мултидисциплинарен одговор во справувањето со насилство врз жената и семејното насилство, почитувајќи ги човековите права во согласност со меѓународните стандарди.
Со овој закон ќе се уреди постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство; меѓусебната координација на институциите и организациите; мерките за превенција од родово базирано насилство врз жените и жртвите на семејно насилство собирањето на податоци за родово базираното насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство“, образложуваат од Министерството за правда.
Јавна расправа за Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство
Форум за реформите на правниот систем за заштита од семејно насилство
Презентиран Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените
Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка
16 дена активизам против родово базирано насилство
АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело
Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда
Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците
М.В