/ Прочитано:

643

Законски измени за управувањето со квалитетот на работењето и давањето на услуги во државната служба

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба. Законските измени се поднесени со европско знаменце.

Предложени законски измени за системот за управување со квалитетот на работењето и давањето на услуги во државната служба.

„Целта на овие измени и дополнувања на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба е да се усогласи овој закон со  Законот за услугите со кој се врши усогласување со Директивата 2006/123/ЕЗ на Европската Унија за услугите на внатрешниот пазар, CELEX број 32006L0123, како и да се воспостави процедура за надворешна проверка која ќе им овозможи на државните институции кои ја спровеле заедничката рамка за проценка да ја потврдат успешноста во имплементацијата на оваа алатка за управување со квалитет преку добивање повратни информации за воведување на концептот на целосно управување со квалитет. Добивањето повратни информации се базира на принципите на извонредност и не се однесува само на процесот на самопроценка, туку и на континуираниот процес на подобрување на долг рок.

Законот што се предлага се заснова на начелата на кои се заснова и основниот Закон – Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба донесен во 2013 година“, се вели во законското образложение.

М.В