/ Прочитано:

2.528

Законски измени за воспоставување регистар на вистински сопственици во рамките на Централниот регистар

Владата на Република Македонија го утврди новиот текст на Предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.Целта на предложениот закон е негово усогласување со одредбите од 4-тата ЕУ-Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.

„Во согласност со оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и се усогласуваат одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување на регистар на вистински сопственици во рамките на Централниот регистар на РМ“, велат од Владата.

Со тоа се предвидува обврска за правните лица да поседуваат, да чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоците за нивните вистински сопственици и се намалува износот на забраната за вршење на готовински плаќања од 15.000 евра на 2.000 евра.

М.В