Законски новини за легализацијата на бесправните објекти и за данокот на додадена вредност
Владата го задолжи Министерството за транспорт и врски во Предлог-законот за утврдување на правен статус на бесправни објекти како предмет на законот да ги опфати бесправните објекти кои ќе претставуваат градежна и функционална целина заклучно до 1 октомври 2019 година, како и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон, чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа или правни субјекти основани од Република Северна Македонија, односно од единиците на локална самоуправа, кои ќе претставуваат градежна целина, а не и функционална целина до денот на влегување во сила на законот.
Од Предлог-законот треба да бидат изземени сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот Регион, во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата на УНЕСКО, утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион.
Во Предлог-законот за утврдување на правен статус на бесправни објекти треба да се утврди висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште, решение со кое од плаќање на надоместокот ќе бидат ослободени барателите кои се корисници на парична помош од социјална заштита, други јавни субјекти, како и верските објекти.
Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со одлука да биде доставен на усвојување во Собранието на државата.
Со предложениот закон се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари, и се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивање на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари, издадена во согласност со Законот за регистрирање на готовински плаќања.
Со оваа новина во Законот се укинува сметкопотврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6.000 денари, со што во голема мера се заштедува време, хартија и административната постапка.
Истовремено, предложениот закон има цел да овозможи ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на НАТО.
Се зголемува прагот за ДДВ обврзник
Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки
Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“
Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки
Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП
УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки
Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица
Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура
Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните
Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата
М.В