/ Прочитано:

1.469

Законските измени за мирување на прогресивниот данок во собраниска процедура

Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход е да се регулира мирувањето на примената на прогресивниот данок на личен доход за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи за период од 36 месеци, се вели во законското образложение.

„Во мирување ќе биде ставена и примената на стапката од 15% на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, осигурување и друг доход, односно истите во следните три години ќе се оданочуваат со 10%. Во овој период стапката од 15% ќе остане да се применува само при оданочувањето на доходот од игри на среќа. Исто така, со предложеното законско решение ќе се одложи почетокот на оданочувањето на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност и удели во инвестициски фондови, како и каматите од орочени депозити, до 1 јануари 2023 година“, се додава во образложението.

Предлог-законот, се посочува во образложението, ги содржи следниве решенија:

  • мирување на примената на прогресивните стапки на оданочување на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2022 година;
  • мирување на примената на стапката од 15% за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, осигурување и друг доход;
  • измена на одредбите поврзани со капиталните добивки (вклучување на продажбата на уделите во инвестициски фондови во опфатот на доходот од капитални добивки; пропишување на различни стапки за оданочување на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност и удели во инвестициски фондови во зависност од периодот на нивно поседување од страна на имателот (15% доколку имателот ги поседувал до една година, 10% доколку ги поседувал за период од една до 10 години), ослободување од плаќање на данок на остварената капитална добивка од продажба на хартии од вредност и удели во инвестициски фондови кои имателот ги поседувал за период подолг од 10 години, како и за капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност стекнати од иницијална јавна понуда; промена на начинот на оданочување на данокот на доход од капитална добивка, односно нивно оданочување по одбивка наместо самооданочување од страна на обврзникот);
  • одложување на оданочувањето на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност и удели во инвестициски фондови (од 1 јануари 2020 година на 1 јануари 2023 година);
  • измена на предметот на оданочување на доходот од капитал по основ на камати (пропишување на ослободување на каматите од депозити по видување и на трансакциски сметки, а оданочување на каматите од орочени депозити);
  • одложување на оданочувањето на каматите од орочени депозити (од 1 јануари 2020 година на 1 јануари 2023 година);
  • доуредување на одредбите од членот 12 од Законот во делот на надоместоците на кои не се плаќа данок на доход;
  • усогласување на прекршочните одредби со новиот Закон за прекршоци.

Се одложува прогресивното оданочување за три години

ДЕБАТА ЗА ДАНОЧНАТА РЕФОРМА: Граѓаните незадоволни од тоа како државата располага со нивните пари

Тркалезна маса за прогресивниот данок на доход

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, вели министерот за финансии

Позитивно мислење за барањето за автентично толкување на членот 115 од Законот за данок на личен доход

Академика го објави и новиот Закон за данокот на личен доход на англиски јазик

УЈП: Насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход

Законот за данокот на личен доход објавен на Академика

УЈП ќе добива податоци и за трансакциите преку брз трансфер на пари

Законските измени за пристап на УЈП до банкарски податоци на граѓаните во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките

Во подготовка нови измени на Законот за УЈП, усогласени со Дирекцијата за заштита на личните податоци

Ќе се прецизираат измените на Законот за банките

Царинската управа со предложените измени на Законот за банките ќе може да блокира банкарски сметки поради царински долг

Законските измени за банките и увидот на УЈП во сметките спорни од аспект на заштитата на личните податоци

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Јавна расправа за Предлог-законот за данокот на личен доход: Ќе се поднесат амандмани за подобрување на Законот

Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура

Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот

Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура

Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ

Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа

Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В