/ Прочитано:

1.165

Законските измени за намалување на судските такси на собраниска седница

Измените на Законот за судските такси се на дневен ред на денешната собраниска седница. Донесувањето на законските измени, се посочува во законското образложение, има цел да овозможи полесен пристап до правдата за физичките лица.

„Донесувањето на Закон за изменување и дополнување на Законот за судските такси произлегува од потребата за обезбедување на услови за олеснување на пристап до правдата преку намалување на горниот праг на висината на судската такса за физички лица таксени обврзници при поднесување на тужба, противтужба и предлог за повторување на постапката пред суд “, се вели во законското образложение.

Законските измени за намалување на судските такси во собраниска процедура

Усвоени законски измени за намалување на судските такси

М.В