Законските измени за платите на судските и на јавнообвинителските службеници влегуваат во процедура на донесување
Министерството за правда подготвува измени на Законот за судска служба и на Законот за јавнообвинителска служба.
Од Министерството за правда велат дека постојат непрецизности во начинот на дефинирање и исплата на додатоците на платата на судските службеници и на платата на јавнообвинителските службеници.
Во таа насока, целта на предложените законски решенија е допрецизирање и уедначување на додатоците на плата на судските службеници, како и на платата на јавнообвинителските службеници.
Од УПОЗ истакнуваат дека измените на Законот за судска служба со кои вработените во судовите ќе добијат додатоци на плата до 35% влегуваат во процедура за донесување.
„Веднаш по завршувањето на состанокот на Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација (ЗСА), одржан на 03.12.2018 година, претставници на Синдикатот и ЗСА беа во Министерството за правда и доставија предлог за измени на Законот на судска служба (ЗСС), со кои и вработените во судовите ќе добијат додатоци на плата во висина од 35%.
Од страна на Министерството за правда бевме информирани дека министерката за правда веднаш дала одобрение овие измени итно да се објават на веб-сајтот www.ener.gov.mk, со што официјално измените на ЗСС влегуваат во процедура“, велат од УПОЗ, од каде што пред неколку дена најавија штрајк, доколку не се најде конечно решение за судските службеници.
Со Законот за судска служба се уредуваат правата, должностите, одговорностите на судските службеници, системот на плати и надоместоци на плати на судските службеници. Со Законот за јавнообвинителска служба, исто така, се уредуваат правата, должностите и одговорностите, како и системот на плати и надоместоци на плати на јавнообвинителските службеници.
Соопштение на УПОЗ за најава за штрајк доколку не се најде конечно решение за судските службеници
УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет
ШТРАЈК НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Преговори со надлежните институции закажани за идната недела
„Бараме да се повлечат лошите закони“ – протест на судската администрација
ШТРАЈК НА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: „Да се измени штетниот и демотивирачки Закон за судска служба!“
М.В