/ Прочитано:

2.288

Законските измени за пристап на УЈП до банкарски податоци на граѓаните во собраниска процедура по скратена постапка

Владата на РМ ги поднесе во Собранието РМ законските измени за Управата ја јавни приходи и за банките кои овозможуваат пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките. Новите законски решенија ќе се носат по скратена постапка.

„Управата за јавни приходи од 2019 година ќе започне да изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник. За да може Управата за јавни приходи да го извршува ова, потребно е да има пристап до одредени банкарски податоци.
За да се регулира оваа постапка, односно, за да се заштитат личните податоци на граѓаните, се предлагаат овие измени и дополнувања во Законот за Управата за јавните приходи“, се вели во законското образложение на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи.
Со предложените измени за УЈП се менува постојниот член 17 од Законот и се додаваат нов наслов и нови членови.

„Имено, исплатувачите на приходите, преку електронски систем до Управата за јавни приходи треба да доставуваат пресметка на аконтациите на данокот на доход кои треба да ги платат при исплата на приходите на граѓаните. Управата за јавни приходи ќе врши контрола на точноста на пресметката на персоналниот данок на доход пред исплатата на приходот, ќе ги генерира налозите за плаќање на данокот и по електронски пат ќе ги доставува до носителите на платен промет. Исто така, Управата за јавни приходи врз основа на податоците со кои располага за остварените приходи на даночните обврзници и пресметаниот данок, ќе изготвува пополнета годишна даночна пријава за секој даночен обврзник. Обврската на даночниот обврзник ќе биде само да ја потврди или коригира пополнетата годишна даночна пријава.
За да може Управата за јавни приходи да ги извршува овие активности, потребно е да има пристап до одредени податоци од банките, што е уредено со измените во Законот за банки кои се предлагаат истовремено со овој закон“, се образложува во законското решение.

Предложените измени и дополнувања на Законот за банките имаат цел овозможување Управата за јавни приходи да подготвува пополнети даночни пријави; овозможување Царинската управа да извршува решенија за присилна наплата и примена на единствени, унифицирани стандарди, познати како „fit and proper“ критериуми, односно критериуми за соодветност на потенцијалните акционери и членови на органите на управување во банките.

„Согласно член 112 од Законот, лицата со посебни права и одговорности, акционерите, вработените во банката и лицата кои преку давање услуги на банката имаат пристап до документите, податоците и информациите кои според законот претставуваат банкарска тајна, се обврзани да ги чуваат, можат да ги користат исклучиво за целите за кои се добиени и не смеат да ги откријат на трети лица. Во законот се пропишани исклучоци од придржувањето кон горенаведената обврска. Еден од исклучоците се однесува на Управата за јавни приходи која може да има увид во податоците и информациите со кои располагаат банките, само врз основа на писмено барање кое се поднесува за секое поединечно физичко лице, за водење на постапки кои се во нејзина надлежност.

Управата за јавни приходи од 2019 година ќе започне да изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник. Заради поедноставување на постапката, се разграничува кои податоци Управата за јавни приходи ќе ги добива на редовна основа, а кои податоци со поднесување на поединечно писмено барање.
Дополнително, Царинската управа има потреба од податоци за трансакциската сметка на граѓаните заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки. Поради тоа, со Предлогот на закон се овозможува Царинската управа да ги добива податоците за трансакциската сметка на граѓаните само врз основа на писмено барање, за водење на постапки кои се во рамките на нејзината надлежност, во согласност со закон.

Исто така, согласно препораките на Советот на Европа, Комитет Moneyval се зајакнуваат критериумите за соодветност на потенцијалните акционери и членови на органите на управување во банките, со тоа што акционер со квалификувано учество во банка и член на орган за управување во банка не може да стане лице кое има соработник кој е осуден со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци“, се вели во законското образложение.

Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките

Во подготовка нови измени на Законот за УЈП, усогласени со Дирекцијата за заштита на личните податоци

Ќе се прецизираат измените на Законот за банките

Царинската управа со предложените измени на Законот за банките ќе може да блокира банкарски сметки поради царински долг

Законските измени за банките и увидот на УЈП во сметките спорни од аспект на заштитата на личните податоци

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Јавна расправа за Предлог-законот за данокот на личен доход: Ќе се поднесат амандмани за подобрување на Законот

Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура

Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот

Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура

Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ

Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа

Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В