Законските измени за усогласување со четвртиот сет економски мерки во собраниска процедура
Измените на Законот за даночна постапка за усогласување со четвртиот сет економски мерки се во собраниска процедура. Со измените, се посочува во законското образложение, се предлага да се изврши намалување на казнена камата за помалку или повеќе платени јавни давачки од 0,03% на 0,015% во период од стапување во сила на овој Закон до крајот на месец март 2021 година, како резултат на потребата од усогласување со одредбите од четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19.
Измени на Законот за даночна постапка за усогласување со четвртиот сет економски мерки
М.В