Законските измени за воведување нов вид студентски стипендии во собраниска процедура

Владата на РМ ги поднесе измените на Законот за студентскиот тандард во Собранието на РМ. Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард се врши изменување и дополнување на членот 49 од Законот за студентскиот стандард, во насока на воведување на нов тип на студентски стипендии за студенти запишани на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

„Целта на ова законско решение е да се мотивираат завршените средношколци со постигнати високи резултати да го продолжат своето образование на факултети кои реализираат студиски програми за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование. Со ова законско решение се очекува подобрување на квалитетот на образованието преку обезбедување на квалитетен наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование“, се вели во законското образложение.

Законски измени за воведување нов вид студентски стипендии

М.В