/ Прочитано:

530

Законските измени за заострени глоби од областа на животната средина на собраниска седница

Измените на Законот за прекршоците се на дневен ред на денешната собраниска седница. Во измените се предвидува заострување на казнената политика со можност за зголемување на висината на глобите за физичките и правните лица во областа на животната средина.

„Со донесување на Законот за прекршоците се поставија максимални граници за казнување, кои се во голема мера пониски во однос на веќе пропишаните прекршочни санкции во постојните закони. Во согласност со тоа, при вршење на задолжителното усогласување на посебните закони од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците, во делот на глобите се наметна потребата од драстично намалување на постојните глоби поради поставените утврдени максимални вредности. Законот за прекршоците и покрај тоа што во областа на животната средина овозможува пропишување на глоби во трикратен износ од општиот максимум предвиден за останатите прекршоци, сепак и вака предвидените глоби значат намалување на веќе пропишаните глоби. Од причини што и веќе постоечките прекршоци не можат да ги одвратат сторителите на овој вид прекршоци и во континуитет продолжува трендот на загадување на животната средина.

Во согласност со членот 43 од Уставот на Република Северна Македонија, секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“, се вели во законското образложение.

Поднесена тужба поради непреземање мерки за справување со дивата депонија во Струга

Предложени измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух

Утврдени измените на повеќе закони од областа на животната средина

Законските измени за зголемени казни во областа на животната средина во собраниска процедура

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

Законски измени за намалување на глобите во Законот за јавна чистота

Измени на Законот за прекршоците за заострување на казните од областа на животната средина

Презентација на документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“

Презентирана Анализата на празнини и недостатоци – предизвици и можности за институционалната и правната рамка на животната средина

Основање на Платформата за еколошка правда

Ќе се основа платформа за еколошка правда

Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда

М.В