Законските измени за зголемени казни во областа на животната средина во собраниска процедура
Измените на Законот за прекршоците се во собраниска процедура. Со донесување на Законот за прекршоците, се вели во предложените измени, се поставија максимални граници за казнување, кои се во голема мера пониски во однос на веќе пропишаните прекршочни санкции во постојните закони.
„Согласно тоа, при вршење на задолжителното усогласување на посебните закони од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците, во делот на глобите се наметна потребата од драстично намалување на постојните глоби поради поставените утврдени максимални вредности. Законот за прекршоците и покрај тоа што во областа на животната средина овозможува пропишување на глоби во трикратен износ од општиот максимум предвиден за останатите прекршоци, сепак и вака предвидените глоби значат намалување на веќе пропишаните глоби. Од причини што и веќе постоечките прекршоци не можат да ги одвратат сторителите на овој вид прекршоци и во континуитет продолжува трендот на загадување на животната средина
Согласно член 43 од Уставот на Република Северна Македонија – ‘Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.’
Дополнително, во насока на намалување на прекршувањата во областа на животната средина, во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија поднесена во Собранието при изборот на Владата на РСМ за 2020–2024 година е предвидено зголемување на казните во областа на животната средина. Заради овозможување на заострување на казните во областа на животната средина во посебните закони од областа, се оцени дека е неопходно да се пристапи кон измени и дополнувања на Законот за прекршоците“, се вели во законското образложение.
До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина
Законски измени за намалување на глобите во Законот за јавна чистота
Измени на Законот за прекршоците за заострување на казните од областа на животната средина
М.В