/ Прочитано:

12.386

Законските новини за легализација на бесправно изградените објекти

Министерот за транспорт и врски денеска ги образложи законските новини за легализација на бесправно изградените објекти. Со Предлог-законот се предвидува можност за легализација на бесправни објекти кои се предвидени со Законот за градење или друг закон, помошни градби (гаража, остава) кои се во функција на објект за домување или друг вид објект, базени на ниво на терен за индивидуална употреба, времени објекти наменети за домување, како и објекти за примарна обработка на земјоделски производи (освен настрешници и објекти за времено сместување) во согласност со Законот за земјоделско земјиште кои се изградени на градежно земјиште, а кои претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 октомври 2019 година.

Понатаму, ќе можат да се легализираат и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или општините или правни субјекти основани од државата, кои заклучно со 1 октомври 2019 година се градежна целина. Со овој закон нема да можат да се легализираат бесправни објекти со намена А2, односно домување во станбени згради, како и бесправни доградби и надградби на зградите, на пример терасите.

„Исто така со Законот не можат да се легализираат бесправно изградените објекти изградени во границите на Охридскиот Регион, во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Обединетите нации и за кои во студиите за оцена на влијанијата врз животната средина и студиите за оцена на влијанија врз културното наследство, кои се спроведуваат во согласност со Препораката број 9 од Извештајот за реактивната мониторинг-мисија од април 2017 година на Центарот на светското наследство, е утврдено дека ќе ги загрозат исклучителните универзални вредности.

Значи, во рамките на Охридскиот Регион ќе можат да се легализираат само оние објекти кои претставуваат функционална целина до 1 октомври 2019 година и кои според студиите за оцена на влијанијата врз животната средина и студиите за оцена на влијанија врз културното наследство не ги загрозуваат универзалните вредности согласно УНЕСКО“, додаде Сугарески.

Имателите на бесправни објекти имаат обврска да достават барање во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на законот, како и обврска од шест месеци од моментот кога се известени дека нивното барање не е комплетно, да ја достават потребната документација.

Во однос на потребната документација, таа останува иста, и тоа: копија од лична карта или уверение за државјанство за физичко лице и извод од Централен регистар за правно лице; доказ за приклучок на бесправниот објект на водоводна или електроенергетска инфраструктура или сметки за вода или струја; доколку објектот нема инфраструктурни приклучоци, потребно е да се достави изјава заверена кај нотар, дадена под кривична и материјална одговорност, со која барателот ќе потврди кога бил изграден објектот и геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект.

Висината на легализацијата ќе се пресметува во висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште, односно комуналиите во секоја општина посебно и плус се зголемува за 50% и се множи со површината на бесправниот објект која е утврдена со геодетскиот елаборат

За бесправни електронски комуникациски мрежи и средства висината за легализација изнесува 10 евра во денарска противвредност по м2 од изградената површина која е утврдена со геодетскиот елаборат. За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја, на пример заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, национални паркови и така натаму, се предвидува да се побара согласност за легализирање од органите надлежни за управување со овие подрачја.

За да може да се легализира бесправниот објект, тој треба да е компатибилен со намената на планската документација, а доколку постои неусогласеност со планската документација, или пак објектот се наоѓа надвор од плански опфат, советот на единицата на локална самоуправа треба да одлучи дали објектот ќе може да се вклопи во планската документација.

„Постапката за легализација ја спроведуваат општините, а Министерството за транспорт и врски ќе ја спроведува постапката за објектите од значење за Републиката и за електронските комуникациски мрежи. Постапките за легализација кои се спроведуваат во моментов во согласност со постојниот Закон за постапување со бесправно изградени објекти ќе продолжат во согласност со тој закон. Исто така, се дава можност имателите на бесправни објекти кои претходно поднеле барање за легализација, а биле одбиени, да можат да поднесат ново барање за легализација според новиот закон. Ова генерално се новите законски одредби според кои ќе се водат постапките за легализација. Предлог-законот е веќе доставен во Собранието и очекувам да почне да се разгледува од матичните комисии“, додаде Сугарески.

Законски новини за легализацијата на бесправните објекти и за данокот на додадена вредност

Се зголемува прагот за ДДВ обврзник

Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

Стапуваат во примена законските измени што предвидуваат нов рок за барањата  за легализација на дивоградби

Измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кои предвидуваат нов рок за барањата – во собраниска процедура

Легализацијата на дивоградбите – нова шанса за граѓаните да го остварат своето уставно право на сопственост

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти

М.В