Запленети 2,5 тона кокаин во Панама
Вторник, 21 мај 2013 – Панамските власти запленија околу 2,5 тони кокаин во близина на карипското крајбрежје на земјата, јавува германската новинска агенција ДПА повикувајќи се на информации од крајбрежната служба.
Дрогата била откриена во петокот на глисер во близина на градот Колон. Уапсено е едно лице, граѓанин на Република Хондурас, Средна Америка. Панамските власти тврдат дека при апсењето лицето било вооружено.
Властите во Панама запленија над осум тона дрога од почетокот на годината. Централноамериканската држава Хондурас се смета за транзитен пат за наркотици од соседната Колумбија до најголемиот наркопазар во САД.