Започна исплатата за МојДДВ за второто тримесечје
Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства за второто тримесечје во согласност со Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
„Повратот од 15 отсто од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2019 година.
Од 1.7.2019 до 31.1.2020 година апликацијата МојДДВ ја користат 236.442 корисници, скенирани се 66.885.228 фискални сметки, остварен е промет од 32.456.740.434 денари, вкупен ДДВ 3.512.292.634 денари, поврат 15 отсто во износ од 526.843.896 денари или 8.567.000 евра.
Во месец јануари 2020, првиот месец од третото тримесечје има нови 23.387 корисници на апликацијата МојДДВ и вкупен поврат 15% од ДДВ заклучно со 31.1.2020 година во износ од 1,724,000 евра.
Управата за јавни приходи уште еднаш апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата“, соопштуваат од УЈП.
УЈП: Исплатата на повратот од ДДВ е во тек
Детали за наградната игра за МојДДВ, која започнува во недела
Исплата на парични средства за „MојДДВ“
Соопштение од УЈП во врска со „Мој ДДВ“
Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки
Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“
Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки
Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП
УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки
Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица
Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура
Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните
Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата
М.В