Започна проектот за следење на работата на Антикорупциската комисија
Институтот за човекови права, во соработка со Транспарентност Македонија, започна со спроведување на проектот за следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата со цел зголемен јавен надзор врз нејзината работа, поддржан од Британската амбасада Скопје.
На настанот беа промовирани проектот, методологијата за следење, целите што треба да бидат постигнати преку проектот, како и Извештајот за капацитетот на администрацијата на ДКСК. Ана Јаневска-Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија, истакна дека мониторингот на Комисијата ќе се прави по нова методологија, а во согласност со новите ингеренции на Комисијата. Според Делева, Комисијата треба да се доекипира и да се опреми за да може да ја извршува функцијата за сузбивање на корупцијата и на конфликтот на интереси во општеството.
„Антикорупциската комисија покажа дека работи неселективно, но во иднина треба да води сметка да ги сработи посуштинските работи за борба против корупцијата и конфликтот на интереси“, беше истакнато на денешниот настан.
Претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, истакна дека е позитивно тоа што Комисијата е транспарентна, но дека во иднина ќе треба да се обрне внимание на посериозните предмети.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, рече дека е добро што проектот се спроведува на почетокот на работата на Комисијата. Тоа, нагласи Ивановска, ќе укаже за напредокот во работата на Комисијата, но и за тоа до каде ни е и напредокот во справувањето со предизвиците со кои се соочуваме.
„Ефикасното воспоставување и функционирање на системот во согласност со новите проширени и зајакнати надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а и на веќе воспоставените надлежности со Законот на заштита на укажувачите и Законот за лобирање, ќе биде во фокусот на ДКСК во 2019 година, при што ќе се раководи од принципите на законитост и одговорност“, се вели во Програмата за работа на ДКСК за 2019 година.
КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО
Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи
Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари
Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна
Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации
Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место
Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата
Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција
Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата
Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата
Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение
Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
М.В