/Прочитано:

1.121

Започнува академската 2018/2019 година

На универзитетите во Македонија денеска е првиот ден од академската 2018/2019 година. Првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  симболично ќе биде одбележан на Филозофскиот факултет каде што ќе се обрати ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.

Во согласност со новиот Закон за високото образование академската година започнува на 1 октомври наместо на 15 септември.

Со Законот за високото образование се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високо-образовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи.