Започнува новата исплата за повратот на ДДВ од скенираните фискални сметки

УЈП информира дека граѓаните кои скенираат фискални сметки од почетокот на месецот ќе ги добијат средствата од повратот за второто тримесечје од годинава. Заклучно со 30 јуни годинава скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари, односно 5.440.000 евра.

За ова тримесечје граѓаните ќе добијат поврат на 15 отсто од искажаниот промет во фискалната сметка. Во тековниот, трет квартал, според измените што ги направи Владата, ќе се врши поврат на 20 отсто од ДДВ за домашни производи и услуги и 10 отсто за странските.