/ Прочитано:

1.821

Започнува повратот на персоналниот данок за земјоделците

Управата за јавни приходи започнува со исплата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците. На заедничка прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, посочија дека по овој основ до крајот на годинава ќе се исплатат 80 милиони денари на околу 17.000 земјоделци кои го остваруваат правото на поврат на персонален данок на доход.

„Персоналниот данок ќе им биде вратен на сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари. Оваа исплата е за приходите остварени до крајот на 2018 година. Овие пари ги враќаме директно кај земјоделците кои во текот на 2018 година оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари, како дополнителен приход, за да ги реинвестираат и да го зголемат производството“, изјави министерот Димковски.

Право на поврат на персоналниот данок имаат земјоделците коишто не се обврзници на ДДВ, кои немаат остварено приходи по друг основ, кои не се во работен однос и не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа. Повратот ќе се врши на трансакциските сметки на земјоделците и ќе врши неколкукратно до крајот на годината, односно додека не се исцрпи целиот поврат.

„За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои УЈП и МЗШВ во моментот не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Токму затоа, доколку некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат УЈП. Граѓаните кои остваруваат приходи единствено од земјоделска дејност може да добијат поврат во износи до 20.000 денари. Дополнително, тие беа ослободени и од административни процедури како поднесување барање за регистрација како даночни обврзници и плаќање на административни такси“, изјави директорката Лукаревска.

На почетокот на 2018 година, Владата на Република Северна Македонија го измени Законот за персонален данок на доход, со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително, со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање на административни такси.

УЈП: Исплатата на повратот од ДДВ е во тек

Детали за наградната игра за МојДДВ, која започнува во недела

Исплата на парични средства за „MојДДВ“

Соопштение од УЈП во врска со „Мој ДДВ“

Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

Државната лотарија и УЈП ќе организираат наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В