/ Прочитано:

6.678

Заштита на правото на сопственост

Автор: Проф. д-р Кирил Чавдар,  Доц. др Кимо Чавдар

Објавено: Јануари, 2010


Вовед

Заштитата на правото на сопственост, главно, се врши со тужби, но и на други начини, како на пр. со запишување на правата на недвижности во соодветни јавни регистри  итн.

Иако сопственичките тужби, особено оние за заштита и утврдување на правото на сопственост најчесто се во употреба од оние тужби со кои се штити некое стварно право, сепак, бројната објавена судска практика на повисоките судови во врска со тие тужби укажува на често неснаоѓање во нивната примена или погрешна поставеност, а честа е употребата на тие тужби во случај кога треба да се бара исполнување на договор, за купопродажба или за задоцнување да се даде табуларна исправа за пренос на правото на сопственост(облигационоправни побарувања, односно тужби) и сл.

Нормативното уредување на сопственичките тужби во правниот систем на Република Македонија е содржано во повеќе закони.

Основните одредби за нив се наоѓаат во Законот за сопственост и други стварни права (натаму: ЗСДСП) во Одделот 5, под наслов ,,Заштита на правото на сопственост,, , во кои , во одредбите од чл. 156-163 се уредени: а) сопственичка тужба за поврат на стварта (чл.156 -159); б)тужба на претпоставениот сопственик (чл.160); в)тужба поради вознемирување на сопственоста (чл.161 ); г) тужба за заштита на сосопственоста, односно заедничката сопственост (чл. 162 ); д) деклараторна тужба (чл. 163); ѓ) излачна тужба (чл.163 ).

>> Прочитај ја целата статија