/ Прочитано:

2.162

Заштита на жените жртви на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство

Пријавување од граѓанин

Секое физичко лице, се пропишува во новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кое има сознание за постоење на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство е должен да пријави до полициска станица, центар за социјална работа, јавно обвинителство, здружение или на СОС-линија.

Надлежните институции се должни да постапат и по анонимна пријава.

Пријавување од службени лица

Одговорното лице и раководното лице од институцијата, кои вршат дејност од областа на социјалната и детската заштита, вработувањето, внатрешните работи, здравството и образованието, се должни да пријават сознание за постоење на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство до полициска станица или центар за социјална работа.

Секое одговорно и раководно лице во правно лице е должно да пријави сознание за постоење на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство до полициска станица или центар за социјална работа.

Секое одговорно и раководно лице во правно лице кога има сознание за постоење на родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство со кое се предизвикува непосредна опасност по животот и телото е должно да пријави до јавно обвинителство.

Информациите за жртвата или сторителот на насилството, врз основа на кои жртвата или членовите на нејзиното семејство можат да бидат идентификувани, не смеат јавно да се објавуваат, освен ако жртвата се согласи на тоа.

Институциите, родителите, старателите, згрижувачите или посвоителите се должни да го заштитат детето од изложување во јавност.

Придружник

Жртвата има право да избере лице кое ќе ја придружува во текот на постапката пред надлежен орган.

Придружникот може да биде кое било возрасно лице, освен лицето кое е сторител на родово-базирано насилство и/или семејно насилство во постапката.

Придружникот ѝ помага на жртвата во заштитата на нејзиниот интерес, ѝ дава поддршка во постапките пред службените лица и институциите, ѝ помага да се најде решение за нејзиниот случај, ѝ обезбедува поддршка на жртвата.

Службеното лице кое ја спроведува постапката нема да дозволи придружникот да ја придружува жртвата во случај кога не ги исполнува условите, како и доколку процени дека придружникот не може да даде поддршка на жртвата поради роднински односи или други односи со жртвата или сторителот на насилство врз жените и/или семејното насилство.

Децата и лицата со ограничена или одземена деловна способност во постапките пред надлежните институции се придружуваат од родителот или старателот, освен родителот или старателот кој е сторител на насилство врз жени и/или семејно насилство.

Стапува во примена новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Презентиран Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Јавна расправа за Предлог – законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Нов Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените

Законски измени за спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство

Јавна расправа за Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство пред Комисијата за труд

Форум за реформите на правниот систем за заштита од семејно насилство

Презентиран Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените

Жените сѐ уште се соочуваат со семејно насилство, неефикасна судска заштита и бaриери во пристапот до здравствените услуги

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани

ПРЕГЛЕД НА НАБЉУДУВАНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ: Загрижува податокот дека биле изречени дури 4 условни осуди

ФОРУМ ЗА СУДИИ: Жртвите на семејно насилство да бидат ослободени од плаќање на судска такса и трошоци на постапката!

Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка

16 дена активизам против родово базирано насилство

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства вМакедонија се дискриминирани

АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело

„Родово базираното и психичкото насилство врз жените сè уште не се препознаваат“ – интервју со адвокатката Марта Гусар

Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда

Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците

Усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција во која насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права 

Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство 

Ратификацијата на Истанбулската конвенција – значаен исчекор во борбата против насилството врз жената и домашното насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна ратификација на Истанбулската конвенција

М.В