/ Прочитано:

1.256

Заштитата на интелектуалната сопственост и економските последици

Во Германија заштитата на податоците е уредена со повеќе закони кои се делат на две категории: федерална легислатива и државна легислатива. Федералните закони кои ја уредуваат оваа материја во контекст на уредувањето на државата како федерација се: федералниот Закон за заштита на податоците и федералната заштита на податоците во специфични области. Државното регулирање на заштитата на податоците во секоја од републиките во рамките на Германија како федерација е посебно уредено. Ова е само еден пример за тоа како се уредени овие проблематики во Германија која се смета дека е најмоќната држава во Европа и која е една од столбовите на Европската Унија. Во контекст на темата за заштита на податоците и заштитата на авторските права се вклопува и честата практика на симнувањето податоци преку интернет. Овде станува збор за најчестото искористување на авторските права, како: филмови и музика, преку торентите кои претставуваат систем за дистрибуција на компјутерски фајлови кои содржат одредени податоци.

авторски права компјутер заклучен

Заштитата на авторските права е право кое државата му го дава на авторот на оригиналното дело за употреба и дистрибуција на делото за одредено време. Во зависност од државата и од легислативата, авторските права се различно уредени.

Во Германија заштитата на податоците е уредена со повеќе закони кои се делат на две категории: федерална легислатива и државна легислатива. Федералните закони кои ја уредуваат оваа материја во контекст на уредувањето на државата како федерација се: федералниот Закон за заштита на податоците и федералната заштита на податоците во специфични области. Државното регулирање на заштитата на податоците во секоја од републиките во рамките на Германија како федерација е посебно уредено.

Федералниот закон за заштита на податоците пропишува дека на компаниите им е дозволено да користат лични податоци само доколку процесирањето на тие податоци е платено како соодветна давачка и доколку постои согласност од лицето чии податоци се користат.

Ова е само еден пример за тоа како се уредени овие проблематики во Германија која се смета дека е најмоќната држава во Европа и која е една од столбовите на Европската Унија.

Во контекст на темата за заштита на податоците и заштитата на авторските права се вклопува и честата практика на симнувањето податоци преку интернет. Овде станува збор за најчестото искористување на авторските права, како: филмови и музика, преку торентите кои претставуваат систем за дистрибуција на компјутерски фајлови кои содржат одредени податоци.

Економското влијание на заштитата на авторските права се одразува со трошоци кои директно се насочени кон општеството во целина, односно од корисниците на тие авторски права кои плаќаат за употреба на нечие авторско дело (книга, музика, филм итн.). Според професорот Јан Харгрејвс, кој на Универзитетот Кембриџ предава предмет Дигитална економија, заштитата на авторските права може да стане бариера за истакнување на иновативноста бидејќи на имателите на правото им е дадено монополизирачко право и како резултат на тоа третите страни не се во можност да развијат одредена иновација, надградба на тоа дело без дозвола на авторот на оригиналот. Од друга страна, вели Харгрејвс, технологијата се развива многу брзо, напредува секојдневно и поради тоа треба да има натпревар на идеи и надмудрувања, особено во индустријата, сè со цел развој на пазарот и поголема понуда на идеи.

На пр., во САД инвеститорите кои почнуваат со стартап бизнис ја критикуваат легислативата бидејќи има негативно влијание врз иновациите. Тие тврдат дека опкружувањето кое е под влијание на тамошните закони на долг рок би можело да трпи штетни последици кои би резултирале со помал број проекти, со намалување на бројот на работни места, со намалување на инвестициите од компјутерската, софтверската технологија и електрониката, што секако би влијаело на големите компании, како што се: Интел, Мајкрософт, Циско, Епл и др.