/ Прочитано:

1.131

Заштитата на личните податоци повторно во фокусот на обуката на Академик поради големиот интерес

Поради големиот интерес , на 23 април 2019 година (вторник) Академик повтроно  ќе оджи обука на тема „Практична примена на Законот за заштита на личните податоци“. Предавач на обуката ќе биде  Ангел Наковски, долгогодишен експерт од областа на заштитата на личните податоци.

Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија  е донесена на 27 април 2016 година, а започна да се применува од 25 мај 2018 година. Македонското законодавство веќе влезе во реформски процес во областа на заштитата на личните податоци. Предвидени се стандарди и мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци, пропишани се бројни обврски и одговорности на контролорите и на обработувачите на личните податоци, како и механизми за препознавање злоупотреби и начини за заштита на правата на субјектите на личните податоци.

Агенда:

ПРАВНА РАМКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Примена на Законот за заштита на личните податоци – материјална и територијална;
  • Заштитата на личните податоци во корелација со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер;
  • Општата регулатива за заштита на личните податоци.

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Права на субјектот на лични податоци – обврски на контролорот;
  • Евиденција на активностите за обработка;
  • Офицер за заштита на личните податоци – улога, надлежности, обврски и одговорности;
  • Обработка на личните податоци преку системи за видеонадзор;
  • Задолжителни технички мерки што треба да се преземат при вршење видеонадзор;
  • Задолжителна документација што треба да ја поседува контролорот при вршење видеонадзор.

ТЕХНИЧКИ  И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТАЈНОСТ И ЗАШТИТА НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

  • Документација за техничките и организациските мерки;
  • Правилници за заштита на личните податоци кои треба да бидат донесени од контролорот;
  • Процедури за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци;
  • Склучување договори со обработувачите на личните податоци;
  • Задолжително спроведување внатрешни контроли за начинот на обработка и заштита на личните податоци (периодична, квартална и годишна);
  • Спроведување надворешни контроли.

Време и место на одржување на обуката: 23.4.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.

>>>Академик обуки