/ Прочитано:

1.785

Заштитата на универзитетската автономија во новиот Закон за високото образование

Високото образование во Република Македонија, се пропишува во Законот за високото образование, се темели на автономија, во согласност со Уставот на Република Македонија, со ратификуваните меѓународни договори и со овој закон.

Високообразовните установи ја вршат својата дејност врз начелото на академската автономија. Автономијата на високообразовните установи ја вклучува и одговорноста на членовите на академската заедница кон општествената заедница во којашто дејствуваат.

Со академската автономија се гарантира интелектуалната слобода на членовите на академската заедница и творечката природа на истражувачкиот и образовниот процес, како врвни вредности и способности.

Автономијата на високообразовните установи вклучува академска слобода, автономија на управувањето, неповредливост на просторот, финансиска автономија, кадровска автономија и неприкосновеност на автономијата.

Автономијата на високообразовните установи ужива судска заштита и високообразовната установа има право да покрене постапка пред надлежен суд во случај на нејзина повреда.

Неприкосновеност на автономијата

Автономијата на високообразовната установа, се пропишува во Законот за високото образование, не може да се нарушува со неповикано учество во дејноста на високообразовната установа и извршување на високообразовна и друга дејност што ги загрозува правата на членовите на академската заедница.

„На високообразовните установи се забранува партиско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски обележја. На високообразовните установи се забранува верско организирање и дејствување, како и истакнување на верски обележја, освен на високообразовните установи на верските заедници основани со закон“, се вели во Законот.

Автономијата, се пропишува во Законот, не смее да се толкува на начин којшто вклучува повреда на човековите права.

М.В