/ Прочитано:

999

Затворени 17 објекти во Тетово и Гостивар поради неиздавање на фискални сметки

Среда, 5 јуни 2013 – Во рамки на контролите кои биле спроведени во вкупно 35 објекти во Тетово и Гостивар, Управата за јавни приходи констатила 17 случаи на неиздавање на фискални сметки и 9 случаи каде субјектите воопшто не се регистрирани за даночни цели. 

„На субјектите кои не издавале фискални сметки им е изречена парична казна во висина од 3 250 евра во денарска противвредност и времена мерка затворање, додека пак субјектите кои не се регистрирани се упатени на едукација во Управата за јавни приходи и истите имаат обврска во рок од 5 дена да се регистрираат, во спротивно се соочуваат со парични казни и затворање“, се вели во соопштението на УЈП.

Управата за јавни приходи информира дека ќе ја продолжи борбата против неплаќачите на данок и оние кои имаат намера да се стекнат со неправична и незаконска „предност” во однос на лојалната конкуренција.