/ Прочитано:

754

Заврши блокадата на Парламентот на БиХ — членови на НБРМ дел од заложничката драма

Петок, 7 јуни 2013 – Високиот претставник Валентин Инцко постигна договор со претставниците на демонстрантите и ќе свика вонредна седница на амбасадорите на Советот за имплементација на мирот со цел да се реши прашањето на единствениот матичен број на граѓаните на БиХ, пренесе агенцијата Анадолија.

Утринава непосредно пред 3 часот почна евакуацијата на меѓу 300 и 350 странски државјани, кои во четвртокот во текот на денот и во петок по полнoќ беа блокирани во зградата на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина (БиХ), како и во зградата на пријателството на Босна и Херцеговина и Грција, известува Анадолија (АА).

Станува збор за учесниците на седмото годишно собрание на Европскиот фонд на Југозападна Европа (ЕФСЕ). Меѓу евакуираните е и вицегувернерката на Народната Банка на Македонија Маја Кадиевска-Војновиќ.

Инаку, босанските граѓани веќе трет ден протестираат барајќи итно усвoјување на Законот за единствен матичен број (ЕМБ). Чашата се прелеа кога тримесечно бебе не можеше, поради немањето ЕМБГ, да замине на лекување во странство.  Излегувањето на странските државјани од зградата на Парламентот на БиХ беше проследено со свиркања.