/ Прочитано:

779

Заврши заложничката криза во затворот во Грција

Понеделник, 18 март 2013Затвореникот Алкет Ризај, кој држеше заложици во затвор во централна Грција, синоќа се предаде со што заврши заложничката криза која траеше речиси 24 часа.

Петтемина заложници не се повредени. Ризај во саботата вечер во затворот Маландрино зароби шест заложници, четворица затворски чувари и двајца затвореници, но еден од чуварите вчера попладне успеа да избега откако полицијата фрли солзавец во затворот.

Грчките власти соопштија дека Ризај одлучил да се предаде откако сфатил дека ќе биде совладан од специјалните полициски единици. Тие соопштија дека неговото тврдење дека има експлозив било блефирање и оти имал само рачно направени ножеви. Полицијата уапси уште двајца затвореници за кои се претпоставува дека му помогнале на Ризај да ги земе заложниците. Ризај (36) во 2003 година е осуден на доживотна казна поради убиства, тој досега двапати избегал од атинскиот затвор Коридалос кој има максимално обезбедување. Во 2006 и во 2009 година од затворот избегал со хеликоптер. По последното бегство бил уапсен неколку месеци подоцна, а пилотот на хеликоптерот тврдел дека бил уценуван.