/ Прочитано:

384

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА „Употреба на медијацијата – постигнати успеси и преостанати предизвици“

Во тек е одржувањето на завршната конференција „Употреба на медијацијата – постигнати успеси и преостанати предизвици“, во организација на Институтот за европска политика – ЕПИ, а како дел од проектот „Медијација, без дилема!“, кој Институтот за европска политика го спроведува во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Комората на медијатори на Република Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори.

Конференцијата има цел да се презентираат клучните наоди од анализата и да се овозможи детална дискусија за состојбите за употребата на медијацијата; да се прикажат досега преземените мерки од страна на релевантните засегнати страни и идните мерки што се планираат да се преземат со цел да се подобри употребата на медијацијата, како и да се идентификуваат преостанатите чекори што треба да се преземат за подобрување на квалитетот на медијаторите.