/ Прочитано:

993

Завршна презентација на проектот: „Натамошен развој и засилување на организациските, административните и техничките капацитети на Ревизорското тело“

Во овој проект, главни партнери беа Холандија и Хрватска, а на денешниот настан холандскиот амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп, рече дека Холандија силно ја поддржува Македонија и финансиски и преку споделување експертиза, но, како што рече, од македонската страна очекува посветеност и строгост во исполнувањето на критериумите. „Потребен е независен систем на ревизорска политика, а овој твининг-проект е важен, исто така, и за македонските граѓани, кои како даночни обврзници треба да знаат дали разумно се трошат нивните пари. Доброто владеење, транспарентноста и човековите права не се само апстрактни поими, туку конкретни механизми за да се обезбедат личен раст, економски развој и поголем просперитет за сите граѓани“, рече Пломп.

Ревизорското тело е најважна институција, а ревизијата претставува чувар против корупцијата, истакна денеска шефот на делегацијата на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бартолини, на завршната презентација на твининг-проектот „Натамошен развој и засилување на организациските, административните и техничките капацитети на Ревизорското тело“.

Во овој проект, главни партнери беа Холандија и Хрватска, а на денешниот настан холандскиот амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп, рече дека Холандија силно ја поддржува Македонија и финансиски и преку споделување експертиза, но, како што рече, од македонската страна очекува посветеност и строгост во исполнувањето на критериумите.

„Потребен е независен систем на ревизорска политика, а овој твининг-проект е важен, исто така, и за македонските граѓани, кои како даночни обврзници треба да знаат дали разумно се трошат нивните пари. Доброто владеење, транспарентноста и човековите права не се само апстрактни поими, туку конкретни механизми за да се обезбедат личен раст, економски развој и поголем просперитет за сите граѓани“, рече Пломп.

Директорот на Централната владина служба за ревизија при холандското Министерство за финансии, Винфрид Бејкманс, истакна дека европските барања имаат повеќе правила за начинот на владините трошења, отколку оние содржани во националните регулативи.

„Тоа е така поради фактот што Европската Унија бара од сите земји членки, но и од пристапните земји да ги применуваат европските шеми за субвенционирање, а тоа значи дека треба да се направи увид во европските фондови за да се обезбеди транспарентност“, потенцираше Бејкманс.

Наташа Мисовска, лидер на проектот од Ревизорското тело-корисник, рече дека се надева дека Ревизорското тело ќе продолжи да обезбедува високо ниво на компетенција и ефикасност во извршување на ревизијата во согласност со меѓународно прифатените ревизорски стандарди и барања од страна на ЕУ.

Мисијата на Ревизорското тело е верификација на ефективното и стабилно функционирање на системите за управување и контрола на претпристапната помош на ЕУ во Македонија и усогласеноста со соодветните правила на ЕУ и националните правила, за да се обезбедат законитост и регуларност на трансакциите и заштита на финансиските интереси на Унијата и националните интереси.

А. Б.