/ Прочитано:

1.857

Збирни податоци за вкупен криминал по области и сектори во периодот 2010 – 2016 година


Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа при Министерството за внатрешни работи изготви збирна анализа за вкупниот криминал по области и сектори во периодот од 2010 до 2016 година во Република Македонија.
Во извештајот се наведува дека минатата година биле извршени 22.732 кривични дела од класичен криминал, 259 од организиран криминал, 988 од економски криминал и 770 кривични дела од недозволена трговија.
Според податоците, најмногу кривични дела (28.628) од класичен криминал имало во 2013 година, а најмногу кривични дела од организиран криминал (342) имало во 2015 година. Во 2015 година, исто така, имало најмногу кривични дела од економски криминал (1.012), додека, пак, најмногу кривични дела од недозволена трговија (964) имало во 2014 година.
Целосниот извештај може да се преземе од следниов линк

М.В