/ Прочитано:

1.347

Здружение на судии:  По повод Денот на правосудството, ќе се одржи дводневна Регионална конференција

По повод Денот на правосудството, а во рамки на активностите предвидени со годишната програма за работа, Здружението на судиите, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира дводневна Регионална конференција на тема „Зајакнување на квалитетот на правдата во светло на правосудната реформа”.

Настанот ќе се одржи на 4 и 5 април 2018 година, во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Работниот дел од Конференцијата е со почеток од 10:00 часот, на кој е планирано да земат учество претставници од подружниците на Здружението, како и претседателите на апелационите судови и претседателите на основните судови со проширена надлежност.

Свечената академија ќе се одржи на 5 април со почеток во 14:30 часот, на која се поканети сите судии во РМ, претставници од академската заедница, високи дипломатски претставници, правни практичари и претставници на невладини организации чиј фокус е владеење на правото.