ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИ: Протокол за спроведување на мерки за заштита од ковид – 19 во судовите
Основниот кривичен суд Скопје објави Протокол за спроведување на мерки за заштита од Ковид – 19 изработен од Здружението на судии.
Соопштението го објавуваме интегрално:
„Основниот кривичен суд Скопје во согласност со препораките на Светската здравствена организација, мерките и протоколите на Здравствените власти во земјава за спречување на вирусот Ковид – 19, како и Одлуката за постапување на судовите во услови на зголемена опасност во време на пандемија, го објавува Протоколот за спроведување на мерки за заштита од Ковид – 19.
Воедно протоколот во склоп на сите други мерки кои ги презеде Кривичниот суд од прогласување на пандемијата па до денес обезбедуваат функционалност на судот и доследно почитување на Уставно загарантираните права и обврски на граѓаните.
(Напомена-во однос на точка 1.5 од Правилникот, Кривичниот суд ја информира јавноста дека не постојат Законски услови за електронски прием на барања за Уверенија/Потврди од Казнена/Кривична евиденција, но обезбедени се сите други услови за заштита на барателите кои преку непосреден пристап на шалтерот доставуаат барања .)
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
1.1 Телесна температура
- согласно здраствените стандарди, нормална телесна температура кај лице се смета температура од 36 до 37 C со која слободно може да се влезе во судската ззграда;
- на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура од 37.1 до 37.2 C му се укажува дека треба да чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (можност од евентуално телесно загревање од самото доаѓање до судската зграда) и доколку по второто мерење се констатира нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во судската зграда;
- на секое лице на кое при влегување во судската зграда ќе му се измери телесна температура над 37.3 C, не му се дозволува влез во судската зграда;
- сите вработени и странки се должни да во случај на покачена телесна температура или здравствени проблеми и сомнежи на респираторна инфекција, веднаш да се јават на својот матичен лекар;
1.2 Средства за дезинфекција
- средства за дезинфекција кои соджат најмалку 70% алкохол (за дезинфекција на рацете и чевлите), со назнака за задолжително дезинфицирање се поставуваат пред влезовите во судската зграда и судниците;
1.3 Заштитни маски
- носењето на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето е задолжително за сите вработени и странки кои се наоѓаат во било која просторија во судската зграда;
- доколку вработените или странките при влезот во судската зграда не поседуваат хигиенска заштитна маска, истата ќе им биде обзбедена од страна на судската полиција;
1.4 Социјална дистанца
- одржувањето на социјална дистанца (нема ракување, прегрнување или било каков друг контакт) и држење растојание (физичка дистанца) која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица е задолжително во сите простории во судската зградата, за што секој суд ќе обезбеди самолепливи знаци и истите ќе се постават хоризонтално и вертикално во во објектот на судот;
1.5 Електронска комуникација
- се охрабруваат странките доколку за тоа имаат технички услови да ги користат судските ВЕБ портали, каде ќе се регистрираат и своите поднесоци ќе ги доставуваат по електронски пат, или доколку немаат технички услови за тоа, поднесоците и барањата да ги испраќаат исклучиво по пошта;
- се охрабруваат странките за помош да ги користат службените телефони или официјалната електронска пошта (e-mail) на судот;
- се охрабруваат странките сите барања за издавање на уверенија и другите судски акти, односно барања за издавање на другите евиденции од судот, да се прават преку поднесено барање по електронски пат во прилог со скенирана уплатница или по пошта;
- ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
2.1 Влез во судската зграда
Пред влегување во судската зграда, сите треба да ги поминат здравствено-безбедносни мерки и тоа:
- задолжително држење растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
- задолжителна дезинфекција на рацете од апарат поставен пред влезот на зградата, односно со прскање на дезинфекциско средство на рацете од страна на судската полиција;
- задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
- задолжително да биде измерена температурата со безконтактен топломер;
- задолжително да поминат на безбедносниот преглед преку метал-детектор;
- задолжително по поминувањето на здравствено-безбедносните мерки, странките да се пријават на судската полиција со соодветни документи за лична идентификаја со покана за судење, односно со наведување на причините за доаѓање во судот;
Судската полиција е должна во случај на непридржување кон здравствено-безбедносни мерки да опоменува, а во случај на непочитување на овие мерки да не дозволи влез во судската зграда.
2.2 Чекални, ходници, скали и лифтови
При користењето на хоризонталните и вертикалните комуникации, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:
- задолжително држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
- задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
- задолжително користење на лифтовите со намален капацитет (најмногу до две лица);
- задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;
2.3 Писарници и приемни одделениа
При користењето на писарниците и приемните одделенија на судот, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:
- задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
- бројот на странките во овие простории треба да биде усогласен со големината и капацитетот на истите, со што ќе се овозможи држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
- задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;
- се забранува непотребно влегување и задржување на шалтерите во писарниците и приемните одделениа доколку тоа не е потребно;
2.4 Судници
При влезот во и користењето на судниците сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:
- задолжително да извршат дезинфекција на рацете од апарат поставен пред влезот во судницата;
- задолжително да носат хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето;
- задолжително да се проветруваат судниците за време или по завршувањето на секое судење, по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства (бришење на работните површини и на сите средства и површини кои што биле користени во текот на постапката);
- бројот на странките во судницата треба да биде усогласен со големината и капацитетот на просторијата, со што ќе се овозможи држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
- се забранува влегување и задржување на странките во судницата доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;
- влегувањето на странките на закажаните рочишта и главни расправи ќе се спроведува по приоритет и неопходност за присуство на судењето, а предност ќе имаат странките во постапката, нивните полномошници, како и другите лица кои што се повикани со судска покана;
- за присуство на останатите лица во судниците доколку не се исполнети условите за безбедна оддалеченост и примена на мерките за заштита, одлучува судијата, односно Судскиот совет кој постапува по предметот;
- по завршување на расправите странките се должни веднаш да ја напуштат судницата и судската зграда, односно да го ограничат престојот на неопходниот минимум;
2.5 Канцеларии и кабинети
При користењето на административните простории, сите треба да се придржуваат до следните мерки и тоа:
- задолжително носење на хигиенска заштитна маска, прописно поставена на лицето доколку во просторијата се наоѓаат повеќе од две лица;
- држење на растојание (физичка дистанца), која мора да изнесува најмалку 2 метри помеѓу две лица;
- задолжително континуирано проветрување на овие простории по природен пат (со отварање на прозворците) и дезинфекција со дезифекциони средства;
- се забранува влегување и задржување на странките во овие простории доколку претходно не бидат повикани и доколку тоа не е потребно;
2.6 Санитарии
- При користењето на санитарните јазли (тоалети) за странките кои што доаѓаат во судската зграда, се одредува еден тоалет, кој треба да се наоѓа во приземјето или во неговата непосредна близина;
Претседателите на судотовите ќе имаат можност овој протокол да го дополнат или изменат во зависност од организационата и просторната поставеност на судовите со кои раководат.“.
М.В