/ Прочитано:

1.153

Здружението на судии: Ги осудуваме сите видови на напади врз независноста на судството

„Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, на телефонската седница одржана на ден 8.1.2020 година, расправаше за новонастанатата состојба во Основен кривичен суд Скопје и во потполност се согласува со соопштението до јавноста од страна на истиот суд објавено на веб-страницата на судот и средствата за информирање, при што најостро ги осудува сите видови на напади врз независноста на судството, интегритетот на судиите и нападите врз работата на кој било друг орган од судска надлежност, истовремено повикувајќи ги сите процесни чинители на ‘воздржаност’ и целосно почитување на законот во однос на нивното постапување.

Управниот одбор уште еднаш ги осудува сите видови на опструкција на правдата и ги повикува сите надлежни институции во рамките на нивните надлежности да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава“, соопштуваат од Здружението на судии.

Соопштение на Судскиот совет во врска со изјавите на адвокат во предметот „ТНТ“

Соопштение на Кривичниот суд во врска изјавите на адвокатите во предметот „ТНТ“

Отворено писмо на адвокатот Мерџан Даути во врска со предметот „ТНТ“

 Адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста за повредите на принципот на владеење на правото

Довербата меѓу адвокатот и странката – клучна максима во остварувањето на правата

АДВОКАТИТЕ И НОТАРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Јавна расправа за Законот за нотаријатот

М.В