Зголемен бројот на обвинети и осудени лица
Државниот завод за статистика објави соопштение со статистички податоци за пријавени, обвинети и осудени полнолетни сторители на кривични дела и деца во судир со законот за 2020 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители на кривични дела во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 11,8 %.
Во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 34,8 %, а бројот на обвинетите лица е зголемен за 29,7 %.
Бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 16,2 %.
Во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на осудените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е зголемен за 15,1 %.
Соопштението во целост
М.В