/ Прочитано:

954

Зголемен бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки

Годишниот извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки е на разгледување во Собранието.

Со споредба со податоците за бројот на примени и оформени предмети во 2017 година, 2018 година, 2019 година и во 2020 година, се нагласува во извештајот, се утврдува зголемување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, особено на примените жалби во 2020 година, период за кој и се поднесува овој извештај.

Според Комисијата ова се должи на транспарентноста и на доследното почитување на законските одредби при одлучувањето на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Во 2020 година, од вкупно 1.037 решени предмети, 5 предмети се решени во согласност со Законoт за јавните набавки „Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2015, бр. 78/2015, бр. 192/2015, бр. 27/2016, бр. 120/2016, бр. 165/2017 и бр. 83/2018, а 1.032 предмети се решени во согласност со Законот за јавните набавки „Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2019. Од вкупно 5 предмети, 1 предмет е спроведен со отворена постапка, 3 предмети – со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас над 5.000 евра и 1 предмет – со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас до 5.000 евра. Од вкупно решените 1.037 предмети, во 2020 година, 17 предмети се однесуваат на доделување на концесии и 6 предмети се однесуваат на воспоставување на јавно приватно партнерство. Од вкупно 1.032 предмети, 10 се однесуваат на јавни набавки спроведени со ограничена постапка, 166 со постапка од мала вредност, 344 со поедноставена отворена постапка, 461 со отворена постапка, 10 со преговарање без претходно објавување на оглас, 1 со преговарање со претходно објавување на оглас, 16 се спроведени посебни услуги и друго 1 постапка… Извештајот на Комисијата во целост.

М.В