/ Прочитано:

6.542

Зголемување на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 % се предлага во измените на ЗРО

 Министерството за труд и социјална политика го објави текстот на Законот за работните односи, кој е во фаза на подготовка. Помеѓу повеќето предложени новини, во предложеното законско решение има новини и за минималниот износ на плата за приправник и за периодот на пробната работа.

 Во постојното решение, во членот 114 на Законот за работните односи се пропишува дека работникот приправник има право на плата определена според закон и колективен договор, но не помалку од 40 % од основната на работното место за кое се оспособува.

Со предложените измени се врши измена на членот 114, односно се зголемува минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 %.

Во однос на новините за пробната работа, се предлага намалување на периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци.

ИЗМЕНИ НА ЗРО: Новини за договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината

М.В