Зградата на АД „Македонска пошта“ не била осигурана
Алити објасни дека пожарот почнал на вториот кат, а дека се претпоставува дека бил спој на електричните жици. Не знаеше да ја потврди висината на штетата.
„Засега не можеме да ја кажеме висината на штетата во пожарот. Управниот одбор на АД „Македонска пошта“ – Скопје и денеска ќе се состане. Уште утре ќе се формира Комисија која ќе ги направи проценките за висината на штетата. Денеска истражните органи се во зградата и ги утврдуваат причините за пожарот“, посочи Алити.
Објасни дека имале отворен тендер за осигурителна компанија, кој уште не е затворен, а во кој има клаузула според која секој кој ќе го добие тендерот ќе го надомести осигурувањето на зградата, кое важи од 1 јануари годинава.
„Тој што ќе го добие тендерот треба да ја покрие штетата. На тендерот имавме четири-пет компании кои се заинтересирани“, потенцираше Алити.
Нагласи дека во шалтер салата имало и пари во железните каси, кои се уште не се отворени бидејќи трае истражната постапка.
Фото: Курир