/ Прочитано:

1.392

Жалбата на СЈО за изземање на судијата на претходна постапка во „Трезор“ е сè уште во Апелациониот суд

Причината за тоа е дека предметот се наоѓа пред Апелациониот суд бидејќи Специјалното јавно обвинителство ја обжалило одлуката на претседателот на Кривичниот суд да не го изземе судијата на претходна постапка.

Основен суд Скопје 1 Скопје

Кривичниот суд, односно судијата на претходна постапка, не може да постапува по предлогот за определување на мерки на претпазливост за тројца осомничени во предметот „Трезор“. Причината за тоа е дека предметот се наоѓа пред Апелациониот суд  бидејќи Специјалното јавно обвинителство ја обжалило одлуката на претседателот на Кривичниот суд  да не го изземе судијата на претходна постапка.

Имено, на 5 октомври претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое барањето на СЈО за изземање на судијата беше одбиено бидејќи не биле основани причините за изземање на судијата, наведени во барањето на СЈО.

СЈО бараше изземање на судијката на претходна постапка бидејќи била во роднински врски со лице кое имало деловни односи со фирмата „Финзи“ која се споменува во предметот „Трезор“ како фирма преку која се набавувала опремата за следење на комуникациите за УБК.

Специјалното јавно обвинителство ја обелодени истрагата за предметот „Трезор“ кон крајот на минатиот месец . Во него се осомничени четири лица, од кои три лица на раководни позиции во УБК и едно лице на раководна позиција во МВР.

Тие се осомничени дека направиле злоупотреба на службената положба и овластување и дека го оштетиле Буџетот на РМ за 862 илјади евра при набавка на опрема за следење на комуникациите.

Кривичниот суд го одби барањето на СЈО за определување на мерката притвор за еден осомничен, а го прифати барањето за блокирање на сметките на фирмата „Финзи“.