Жерновски: Сите започнати објекти ќе се довршат
Сабота, 8 јуни 2013 – Протестот пред Oпштината Центар заврши доцна синоќа, седницата на Советот за ставање вон сила четири детални урбанистички планови е одложена. Обидот да се оддржи седница во оваа скопска Општина беше спречен од група демонстранти кои дојдоа да спречат наводно уривање на црквата Св. Константин и Елена.
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека сите објекти кои се во изградба меѓу кои и црквата Св.Константин и Елена ќе продолжат да се градат, односно дека со ставањето на плановите вон сила, не може да се стопира каква било градба за која веќе е издадено решение за градба.
Според него, луѓето кои што вчера протестираа пред Општината се изманипулирани од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Демонстрантите неколку пати ја прекинаа седницата на Советот при што скршија десетина прозорци и се обидоа насилно да влезат во општината.
Од МВР соопштија дека тие немаат право да го спречат правото на протест на граѓаните.