/ Прочитано:

1.089

Зијадин Села најави тужба против управните судии, министри и пратеници

Вторник, 16 април 2013 – „Без разлика дали е дозволено со закон или не, јас како граѓанин и како градоначалник ќе ги тужам сите тие судии за злоупотреба на функцијата, но и сите министри и пратеници кои ја злоупотребија нивната функција“, изјави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА, Зијадин Села. Во Струга во недела ќе се прегласува на неколку избирачки места.

Откако вчера, Управниот суд прифати 7 тужби на ВМРО-ДПМНЕ по одлуките на ДИК за Струга, денеска кадидатот на ДПА за градоначалничкото место во овој град најави тужба.

„Повикувам на мирно гласање, како што е со закон предвидено. Исто така ве уверувам дека без разлика дали е дозволено со закон или не, јас како граѓанин и како градоначалник ќе ги тужам сите тие судии за злоупотреба на функцијата, но и сите министри и пратеници кои ја злоупотребија нивната функција“, изјави Села.

Според него, првите два круга од гласањето не биле фер и демократски.

 >> Одлуките на Управниот суд за Општина Центар и Струга можете да ги проследите тука.