/ Прочитано:

2.912

Зимска опрема  –  гуми и синџири за безбедно возење во зима

Зимските гуми се најнеопходни за безбедно и стабилно движење на возилата, и една од најчестите заблуди е дека тие се неопходни и се употребуваат само во услови кога има снег. Освен зимски гуми, во зима (и покрај тоа што тоа не е законска обврска кога имате зимски гуми) препорачливо е во багажникот од возилото да имате една кутија со синџири затоа што  во зима никогаш не може да се предвиди кога ќе падне снег и во колкави количини. Синџирите за снег не се замена за зимски гуми, но за максимална безбедност на возилото, кога патиштата се покриени со дебел слој снег, покрај зимски гуми, пожелни  се и синџири за снег.

зимска гума

Од особена важност за безбедно управување на моторно возило во зима се зимските гуми. Тие се наменети за ниски температури под 7˚С на кој било вид пат, без разлика дали зимата е снежна или релативно сува и ладна. Зимските гуми се најнеопходни за безбедно и стабилно движење на возилата, и една од најчестите заблуди е дека тие се неопходни и се употребуваат само во услови кога има снег.

Карактеристично за зимските гуми е тоа што длабочината на шарата им е 4 мм и се специјално дизајнирани со силикон и со поголем процент природна гума и затоа се помеки во ладните зимски денови. Според едно тестирање направено на автомобил во движење со летни и зимски гуми и прагот на сопирање со нив, резултатите кои се добиени покажуваат дека со забрзување од само 16 км/ч, зимските гуми запреле на 6,4 метри, додека на истото  возило со  летни гуми му било потребно два пати поголем сопирачки пат да застане при истата брзина. Доколку возилото се движи со поголема брзина, овој праг на запирање би бил многу поголем.

Освен зимски гуми, во зима (и покрај тоа што тоа не е законска обврска кога имате зимски гуми) препорачливо е во багажникот од возилото да имате една кутија со синџири затоа што  во зима никогаш не може да се предвиди кога ќе падне снег и во колкави количини. Синџирите за снег не се замена за зимски гуми, но за максимална безбедност на возилото, кога патиштата се покриени со дебел слој снег, покрај зимски гуми, пожелни  се и синџири за снег. Ако се упатите на планина или до некоја подалечна дестинација во текот на зимските месеци, носете синџири во багажникот. Можеби нема да ви затребаат во секоја ситуација, но во тешки зимски услови ќе ве заштитат од лизгање и од „шлајфување“ (вртење на тркалата во празно). Замислете да тргнете до некој ски-центар без синџири и на пола пат да ве изненади снежна виулица.

Постојат неколку вида синџири за снег, но најмногу се користат синџирите од челични алки. Замена за нив се таканаречените синџири од јажиња, но нивната монтажа е комплицирана. Идеално и воедно најскапо решение се синџири со систем за брзо монтирање, за кои се потребни одредени подготовки. Имено, матицата (основата) се закачува на погонските тркала, должината на синџирите се приспособува на димензиите на гумите, а кога ќе затреба, синџирот  се закачува на матицата и работата е завршена.

При купувањето синџири за снег, треба да се одберат димензии кои одговараат на димензиите на гумите бидејќи несоодветна должина на синџирите може да ја оштети гумата. Последниве години постојат и „чорапи“ за гумите во замена за синџирите, направени од платно кое го обезбедува возилото да не се излизга или да не заглави во снег и олеснителна околност за сите возачи е што за разлика од синџирите „чорапите“ се местат многу полесно.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата исто  така  ги советува сите кои управуваат со моторно возило за возење во зимски услови, освен задолжителните  зимските гуми и синџирите (или „чорапите“), како дел од  препорачаната или задолжителна зимска опрема (во зависност од тоа дали користите зимски или летни гуми), во багажникот секогаш да имаат лопата, мала вреќичка песок, патосници за под тркалата во случај да заглават во подлабок снег, еден пар топли дебели ракавици, џебна батерија и, секако, полна батерија на мобилниот телефон.

Овој едукативен текст е во рамките на зимската кампања која ја реализира РСБСП со поддршка од Мотоцентар – Прв избор за гуми. РСБСП во партнерство со Мотоцентар им посакува безбедни патувања на сите учесници во сообраќајот.