/ Прочитано:

7.658

Зимското сметање на времето почнува ноќта меѓу 30 и 31 октомври

Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. ВоМакедонија важи времето што му соодветствува на универзалното координатно време зголемено за 1 (еден) час (средноевропско зонско време).