Злоупотреби на деца преку „Фејсбук“: Приведено лице поради дистрибуција на детска погнографија

Вторник, 11 март 2014 – Полицијата до Основното јавно обвинителство го пријави Т.Ч. (34) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело, производство и дистрибуција на детска порнографија, предвидено и казниво по член 193-а став 3 в.в став 1 од КЗ на РМ.

Според МВР, на трети март осомничениот на својот малолетен син кој живее со својата мајка, поранешна сопруга на Т.Ч. од својот профил на социјалната мрежа Фејсбук – „Skrseno srce“, на профилот кој го користи неговиот син, му пуштил приватна порака со линк со фотографии кои содржат детска порнографија, а кои што се постирани на профилот на „Tonyy Montana (Montana)“.

Овој профил го користи лицето М.Ѓ.(19) родена во Белград, а која привремено престојува во домот на осомничениот, кој користејќи го истиот профил ги постирал спорните порнографски фотографии.

Врз основа на барање за доставување на податоци на ОЈО, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изготвен е извештај, каде е даден заклучок дека на 4-ти март од посочениот профил „Skrseno srce“ е испратен линк со содржина од порнографски материјал на профилот на малолетното дете.

Врз основа на Наредба на Основен суд Скопје 1 Скопје извршен е претрес во домот на Т.Ч. и со потврда се одземени компјутер, мобилни телефони, УСБ, СИМ картички и поголем број на ЦД и ДВД дискови.

Инаку, Т.Ч. е веќе познат на полиијата и против него се поднесени три кривични пријави за сторени едно дела:  vонбрачен живот со малолетно лице и две дела од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

МВР апелира доколку некои родители забележат дека на фејсбук профилите на нивните деца биле забележани пораки од посочените профили, истите да го пријават случајот во најблиската полициска станица.